Стопанска Банка А.Д. Битола со повисоки каматни приходи и зголемени штедни влогови

Bez autora
Mar 03 2024

Активностите спроведени во текот на минатата година имаат успешна завршница. Стопанска банка Битола информира дека е остварен исклучително позитивен резултат од оперативното работење.

Добивката пред исправка во износ од 146,44 милиони денари (2,37 милиони евра), во споредба со реализацијата во 2022 претставува удвоен раст. Конкретно, за 50,79 проценти.

Во тие рамки, значителни се нето-приходите од камата, што паралелно со оптимизацијата на оперативните трошоци придонесе за позитивно остварување во оперативното работење. Од Банката посочуваат дека соодносот на оперативни трошоци и оперативни приходи е намален на 73,75 проценти (од 80,83% во 2022).

Нето-приходите од камати лани се зголемиле за 34,71 насто. Повисоки се за 116,25 милиони денари (1,88 милиони евра) во однос на 2022 година. Приходите од камати се натфрлени со 143,86 милиони денари (2,33 милиони евра), односно за 32,72 проценти, а расходите за камати бележат годишно зголемување од 27,61 милион денари (448,17 илјади евра) или за 26,36 насто. Притоа, се нагласува, значително е проширена депозитната база поради растот на долгорочното денарско штедење на граѓаните. Оттаму, остварувањето во оваа позиција е над планираното – за 24,57 проценти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци имаат пад од 12,02 отсто. Пониски се за 17,3 милиони денари (280,8 илјади евра). Воедно, се наведува дека кај приходите од провизии и надоместоци било евидентирано годишно намалување од 7,93 милиони денари (128,7 милиони евра), а расходите пораснале за 9,36 милиони денари (151,9 илјади евра). Остварувањето на планот за 2023 година во оваа позиција изнесува 83,92 проценти.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни, во износ од 23,53 милиони денари (381,9 илјади евра) и не бележат значајни промени.

Проблемот со кој битолската Стопанска банка се соочувала во текот на минатата деловна година бил зголемениот износ на нефункционалните кредити. Поради тоа биле издвоени резервации во износ од 334,48 милиони денари (5,4 милиони евра). Сепак, по преземените мерки за надминување на неповолната состојба, на крајот од 2023 се забалежани позитивни ефекти.

Од Банката најавуваат дека и понатаму се на линијата на прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење. Фокусирани се кон зајакнување на депозитниот потенцијал, на вкупната актива и на профитабилното работење согласно планираните цели.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik